Лукас Хернандез во Баерн до 2027

104

Францускиот репрезентативец Лукас Хернандез ќе го потпише новиот уште побогат договор со тимот на Баерн Минхен. Дефанзивецот има актуелен „дил“ со Баварците до 2024 година но очигледно дека во Минхен се презадоволни од него, па поитаа да му понудат нов, кој ќе биде важечки до 2027.

Беше доведен од Атлетико Мадрид за вртглави 70 милиони евра, но очигледно дека покажа она за што беше доведен.

Хернандез беше дел од репрезентацијата на Франција на штотуку завршениот Мундијал во Катар, а има 26.години во моментов.

ПретходноАтлетико ја одбра замената за Жоао Феликс
СледноАртета: Покажавме цврстина и карактер