Македонија тргна победнички во подготовките, оваа Црна Гора не е дорасната!

1459

Македонската ракометна репрезентација со победа ги отвори подготовките за Светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Шведска и Полска. Нашите момци во Маврово ја совладаа Црна Гора со убедливи 38-33 првата од двете контроли предвидени за овој дел. Противникот дојде во некомплетен состав, но и „црвено-жолтите“ не беа комплетни. Победата е значајна особено со помладите за зголемување на самодовербата пред стартот на вистинското.

Манасков со десет погодоци беше лидер во нашите редови, зад него беа Гоце Георгиевски, Талески и Ѓорѓиев со по пет погодоци.

За првата средба Лазаров не сметаше на Никола Митревски, Александар Петковски, Петар Атанасијевиќ и Давид Савревски. Во Маврово и натаму е отсутен Филип Кузмановки, кој треба да се приклучи за некој ден.

Во првото полувреме изедначена игра имаше до шестата минута, по 1-2 за Црна Гора, нашите ракометари предводени од Талески и Манасков, поведоа со 7-4 во 10 минута, дојдоа и на плус четири (9-4), но влегоа во серија на грешки и примија два гола на празна мрежа во период во кој беа со играч помалку. Гостите дојдоа 9-7, а налетот го прекина Џонов.

По овој погодок, нашата репрезентација влезе во ритам, одбраната беше на високо ниво, исто и нападот. На три минути до одморот, Македонија поведе со шест гола разлика (17-11). Оваа позитива беше на полувремето (19-13). Манасков имаше шест гола, Талески и Георгиевски по четири беа лидери. Томовски кој застана на голот во првиот дел имаше пет одбрани.

Во второто полувреме не се промени сликата, Македонија продолжи да доминира со головите на Ѓоргиев на Манасков поведе со 21-14. Позитивата во овој дел се движеше од пет до шест гола. Лазаров ги изротира речиси сите ракометари, на голот застана Кизиќ.

На средината на втрото полувреме, нашите ракометари ја вратија највисоката позитива до овој дел од седум гола, стрелец беше Павле Атанасијевиќ. Нешто подоцна Ѓорѓиев со два погодоци и Кузманоски со првиот гол зголемија на двоцифрени 33-23 во 50. минута. До крајот избраниците на Кирил Лазаров малку се опуштија поради високата разлика, што пак е недозволиво особено ако се земе во предвид дека тимот се подготвува за голем предизвик.

Реваншот со Црна Гора е утре, но истиот ќе биде од затворен карактер.

МАКЕДОНИЈА  – ЦРНА ГОРА 38-33 (19-13)
Манасков 10, Георгиевски 5, Ѓоргиев 5, Талески 5, Серафимов 3, Стојковиќ 2, Атанасијевиќ 1, Пешевски 1, Јагуриниоски 2, Џонов 2, Кузманоски 2

ПретходноНеочекувано: Ајакс му го раскина договорот на Дејли Блинд
СледноГолем пех за Тиквеш: Ѓурковски со потешка повреда, заврши сезоната за одличниот дефанзивец!