Собата во која престојуваше Лео Меси за време на Мундијалот во Катар, за време на тие 29 дена, ќе биде претворена во музеј, Ова го објавија локалните медииуми. Тоа ќе се направи во чест на капитенот на светскиот првак и во чест на тоа што Меси беше избран за најдобар играч на овој Мундијал.
Интересно, селекцијата на Аргентина беше сместена во еден луксузен студентски дом во Катар. Од Универзитетот исто така ја потврдија оваа информација за собата под број „Б201“ во која престојуваше најдобриот фудбалер во историјата во тие 29 дена за време на СП.