Како што и најавивме во текот на денот, Љупчо Марковски – Калц е новиот шеф на стручниот штаб на Тетекс. Оваа информација вечерва ја потврдија и од клубот од Тетово. Познато е дека некогашниот капитен на Вардар, исто така некогашен репрезентативец на Македонија, долго време во неколку наврати работеше како стратег во Скопје, оваа година неколку месеци беше на клупата и на Работнички, а еве од денеска и официјално е нов стратег на Тетекс.
Негови помошници ќе бидат Дејан Савевски и Живорад Радоњиќ.