Реал има амбициозен план за Дејвис, од Баерн реагираат: Нека сонуваат

208

Баерн Минхен не е расположен да го продава Алфонсо Дејвис и покрај тоа што од Шпанија стигнуваат информации дека Реал Мадрид има интерес кон Канаѓанецот, пишува „Билд“.

На „Алијанц арена“ наскоро ќе почнат преговори за продолжување на договорот на 22-годишниот лев бек. Актуелниот договор на младиот играч со Баерн е до летото 2025 година.  Од Реал сакаат прво да го ангажираат Џуд Белингем, а потоа во 2024 година да го привлечат Дејвис за пониска сума, кога тој ќе биде во последната година од договорот.

Баерн смета дека тоа нема да се случи и дека Дејвис ќе остане на „Алијанц“ уште подолго. Инаку Дејвис дојде во Баерн од Ванкувер Вајткепс во 2019 година, а до сега одигра 134 натпревари за „баварците“.

 

ПретходноУникатен ракометен меч во Скопје на 3 Јануари
СледноХристов со трансфер од Вардар во Гостивар!