Тетоважа во чест на аргентинскиот голман, но со погрешно име

190

По триумфот на Аргентина на Мундијалот во Катар, во државата светски фудбалски шампион се разрабодеа тату мајсторите. Се цртаа ликовите на хероите на најразлични делови од телото, па дури и моменти од турнирот (како одбраната на аргентинскиот голман во последните секунди од финалето), потоа трофејот со аргентинско знаме и сл.
Па така некој решил да стави тетоважа на грбот во чест на аргентинскиот голман Емилијано Дибу Мартинез еден од најзаслужните за трофејот на „гаучосите“. Но тетоважата има една мана.
Стои името Дибу Фернандез. Кога е увидена грешката, следувала преправка со тоа што на тоа место е исцртана силуета на голман во одбрана, а до него вистинското име Дибу Мартинез.

ПретходноНајдобрите за 2022: Егоров, Наковска – Бикова, РФМ, а Лазаров и Пандев со посебни награди за величенствени кариери! (ФОТО)
СледноЈунајтед победнички против „шумарите“! (ВИДЕО)