Челзи е фаворит за потписот на Деклан Рајс

131

Челзи е фаворит за потпишување на играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс, според Sky Sports. Англискиот играч за врска има уште 18 месеци од договорот со „Чеканите“ и веќе одбил три понуди за продолжување на договорот.

Рајс наводно нема да биде продаден во јануарскиот преоден рок, но Вест Хем би можел да ги разгледа понудите од други клубови во текот на летото за да го задржи играчот на слободен трансфер.  Челзи има предност во трансфер битката, но интерес за играчот има и од гигантите од Манчестер Сити и Јунајтед.

Деклан Рајс е дете на Челзи. а тој оваа сезона одигра 15 натпревари во Премиер лигата за Вест Хем и постигна еден гол. Како дел од селекцијата на Англија на Светското првенство одигра пет натпревари.

ПретходноАртета: Покажавме цврстина и карактер
СледноАндреа Ањели: Напуштањето на претседателската функција во Јувентус не беше лесна одлука