Фудбалскиот клуб Шкендија објави дека фудбалерот Меџит Незири нема да продолжи да го носи црвено-црниот дрес во пролетниот дел од сезоната. Тој си оди од клубот по речиси седум сезони во кои одигра 155 натпревари. Причината е неговата желба за поголема минутажа дојде до спогодбен раскин на договорот.
Ова е второ заминување од Шкендија во последните два месеци затоа што пред него отказ доби Сабит Билали поради насилничко однесување на дуелот со Академија Пандев.