Второлигашот Тетекс пред неколку дена доби ново раководство, а се чини дека ќе има и промена во тренерските структури. Неофицијално дознаваме дека Љупчо Марковски-Калц ќе го преземе кормилото на тетовската екипа која во вториот дел од сезоната ќе води жестока борба за опстанок.
Последен клуб на Калц беше Работнички каде што издржа само два месеци, беше доведен на стартот на летните подготовки, а по седум кола двете страни се разделија.
Тетекс освои седум бода во новата сезона по 15 одиграни кола. Моментално, првата екипа која е над опасната зона има 14 бода.