Откако, со вечерашниот меч меѓу Пелистер и МЗТ Скопје, завршија натпреварите за оваа година во нашата елитна лига, познати се и двојките во 1/4 финалето во Купот на Македонија. Натпреварување кое сега се вика “Благоја Георгиевски – Буштур“.
Познато е дека титулата во Купот ја брани тимот на ТФТ а ова се четвртфиналните двојки:
МЗТ Скопје – Кожуф
Гостивар – Феникс 2010
Пелистер – Еуро Никел
ТФТ – Работнички
Во полуфиналето се среќаваат победниците од мечевите:
МЗТ – Кожуф/ТФТ – Работнички и Гостивар-Феникс/Пелистер – Еуро Никел.
Ова значи дека нема да има финале меѓу лутите ривали МЗТ Скопје и Работнички, тие, ако ја минат првата пречка, ќе ги одмерат силите во полуфиналето.