Ајакс и Дејли Блинд денеска на изненадување на јавноста објавија дека го раскинале договорот. Договорот на дефанзивецот требаше да истече на 30 јуни 2023 година, но тој на 31 декември 2022 година ќе биде слободен фудбалер.
Блинд е дете на Ајакс од 8-годишна возраст. Тој го имаше своето деби за Ајакс на 7 декември 2008 година. Во летото 2014 година направи трансфер во Манчестер Јунајтед, а четири години подоцна, се врати во Амстердам за да го освои и Купот на Холанија и да стане шампион на Ередивизија. Човекот кој со Ајакс во Холандија има 7 титули, по 333 официјални натпревари, на кои постигна 13 гола си заминува од клубот.
„Во текот на последните неколку дена постигнавме договор со Дејли за раскинување на неговиот договор. Се надевам дека ќе најде друг клуб со кој ќе ја заврши успешната кариера. Заедно со Дејли се одлучивме за натпревар на нашиот стадион каде може соодветно да се збогува со симпатизерите“, велат од Ајакс.