Нов доказ дека неверојатниот трансфер на Роналдо е завршен!

539

Кристијано Роналдо е на прагот да потпише за Саудиска Ал Наср. Претходно беше најавено дека тоа ќе се случи на 1 јануари следната година, но никој не сакаше официјално да потврди.

Новите информации велат дека клубот од Саудиска Арабија веќе закажал лекарски преглед и дека наскоро се ќе биде дефинирано. Па токму ова веќе води само кон едно, а тоа е дека неверојатниот трансфер сепак ќе биде исполнет.

На Роналдо му нудат дури 200 милиони евра на годишно ниво, договор до 2025 година, како и разни други поволности. Саудијците се подготвени на се само за да дојде големата ѕвезда, но Португалецот претходно изјави дека сака да остане во Европа и да се бори за важни трофеи.

Ова секако е проблем за клубот од Саудиска Арабија, но парите би можеле да бидат пресудни на крајот.

Роналдо би заработил вистинско богатство и би добил важна улога, а би направил потег што ретко се гледа на крајот на неговата играчка кариера.

Инаку, Роналдо имаше многу турбулентна година, а се беше зачинето со неуспешен настап на Светското првенство во Катар.

Имаше голема желба на крајот да стане светски шампион, но Португалија веќе беше елиминирана во четврт-финалето од Мароко, додека неговиот вечен ривал и „непријател“ Лионел Меси успеа да дојде до тој трофеј, победувајќи ја француската репрезентација во финалето со Аргентина.

Да потсетиме, Роналдо стана слободен играч по раскинувањето со Манчестер Јунајтед од каде си замина со бројни критики кон раководството на клубот.

ПретходноВо Реал се подготвува „чистка“: Анчелоти веќе избришал четворица фудбалери!
СледноЦрна Гора прв „тест“ за ракометарите пред Мундијалот!