Уникатен ракометен меч во Скопје на 3 Јануари

200

На 3 јануари во СЦ „Борис Трајковски“ македонските спортски љубители ќе можат да уживаат во спектакуларен ракометен натпревар помеѓу актуелните и поранешните македонски репрезентативци.  Тоа ќе биде супер шоу кое има хуманитарен карактер, а ќе биде пропратено со музички настан.

Сите средства ќе бидат наменети за СОС „Детското село“, а на полувреме ќе има и настапи на наши музичари: „Александар и Дац“, „Кики“, „Некст тајм“ и „Меморија“. За дополнителна возбуда и хумор ќе се погрижи Сашко Коцев.

Цените на билетите се 250 и 300 денари и можат да се набават преку мрежата на „МК тикетс“.

ПретходноДимитријевиќ: Две-три екипи од НБА ме бараа да играм за нив, но ги одбив
СледноРеал има амбициозен план за Дејвис, од Баерн реагираат: Нека сонуваат