Ѓоковиќ пристигна во Австралија една година по депортацијата

154

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ допатува во Австралија, нешто помалку од една година откако беше депортиран од таа земја поради тоа што одби да се вакцинира против коронавирус.

„Му посакуваме добредојде во Австралија. Тој патува во Аделаиде“, објави Тенискиот сојуз на Австралија.

Причината е Австралија опен кој ќе се одржи од 15. до 29. јануари во Мелбурн.

Да потсетиме дека на Новак му беше забранет настап на Австралија опен 2022 година. Беше држен на аеродромот неколку денови за на крај да биде одлучено тој да биде депортиран. Имаше измешани реакции меѓу навивачите, државниците и институциите се препираа кој е во право, а кој не.

Тогаш доби и тригодишна забрана за патување, но задолжителното вакционирање во Австралија беше укинато во Австралија, па Новак доби виза. Инаку српскиот тениски ас прво ќе настапи на турнир во Аделаиде кој почнува во недела, а потоа ќе оди во Мелбурн.

ПретходноЉупчо Марковски нов тренер на Тетекс?
СледноДраган Николиќ е нов тренер на МЗТ Скопје Аеродром