Бриж, кој направи сензација во ЛШ, го отпушти тренерот

189
ФОТО: Клуб Бриж/Твитер
ФОТО: Клуб Бриж/Твитер

Клуб Бриж и покрај тоа што направи најголема сензација во овогодишното издание на ЛШ, одлучи да го смени тренерот Карл Хефкенс. Отказот, како што наведуваат во Белгија, доаѓа по низата лоши резултати во домашното првенство вклучително и поразот од 4:1 од Ст.Труден во Купот на Белгија, односно ремито со Леувен во вторникот.
Бриж сега е на четвртото место на табелата со 12 поени помалку од лидерот Генк.
Бриж сезонава ја помина групата на ЛШ елиминирајќи ги Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен, а заедно со нив понатаму оди и Порто.
Хефкенс на клупата на Бриж работеше само шест месеци.

ПретходноШифрин победи во Земеринг и стигна до 79-тата победа во кариерата
СледноОсумкратниот кинески првак Гвангжу Евергранд испадна во Втората лига