Гвардиола не сака нови засилувања во јануари

109

Менаџерот на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола објави дека клубот не планира да направи сериозна селекција на нови играчи во текот на јануарскиот преоден рок. Шпанскиот стручњак е задоволен од составот со кој располага и не разговарал со шефовите за купување на нови играчи во оваа фаза.

„Не, не очекувам нови засилувања. Мислам дека со овој состав ќе ја завршиме сезоната. Не знам што ќе се случи. Откако се вратив од Абу Даби со спортскиот директор Чики Бегиристајн, не сме разговарале за ниту едно име“, призна Гвардиола.

Манчестер Сити беше доста активен во текот на летото, доведувајќи ги големите засилувања како Ерлинг Халанд, Џулијан Алварез, Калвин Филипс, Мануел Аканџи, Серхио Гомез и голманот Стефан Ортега Морено.

ПретходноБразилецот Дутра доаѓа во РК Вардар!
СледноРеакција на вчерашниот избор на Спортист на годината: Каква порака им се испрати на младите македонски спортисти?