Индија ќе се кандидира за домаќин на ЛОИ во 2036 година

68

Индија планира да се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри во 2036 година, изјави министерот за спорт на оваа земја, Анураг Такур.

„Доколку Индија успее да го преземе претседавањето со Г20 во толку големи размери, сигурен сум дека владата ќе може да учествува во организацијата на Олимписките игри заедно со Индиската олимписка асоцијација. До 2032 година се е пополнето, но имаме надеж дека може да ги донесеме Игрите во Индија во 2036 година. Уверен сум дека Индија ќе биде подготвена за Олимпијадата“, рече Такур.

Претходно меѓу кандидатите за домаќини на Олимпијадата во 2036 година беа именувани Мексико, Јужна Кореја, Египет, Велика Британија и Индонезија.

ПретходноЧелзи со сите сили по фудбалерот на Бенфика: „Сините“ плаќаат 130 милиони евра за Фернандез
СледноСрамота: Македонија направи фудбалски земјотрес, Италија во солзи…, а Наумче и другарите тоа го заборавија!