ПСЖ едвај против Стразбург, црвен картон за Нејмар, гол за победа на Мбапе во 95. минута

244

ПСЖ вечерва со многу мака успеа да ги освои трите бода во мечот против Стразбур во рамките на 16.коло на француската Лига 1. „Светците“ славеа со 2:1, а победничкиот погодок го постигна Килијан Мбапе во 95. минута од пенал.
Инаку ПСЖ, кој беше домаќин, поведе во 14. минута кога Нејмар центрираше од прекин, а Маркињос погоди. На почетокот на второто полувреме Стразбур изедначи на 1:1. Топката дојде до Томасон кој проба да ја врати на петерецот, а топката го закачи Маркињос и го измами Донарума па заврши во мрежата за 1:1.
Три минути подоцна Мбапе се најде сам пред голманот на гостите но не успеа да го совлада. А во 63 минута Нејмар во само три минути доби два жолти картони и беше исклучен, но ПСЖ и покрај дефицитот стигна до победа во последните секунди.

ПретходноДва гола на Халанд и победа на Сити над Лидс (видс)
СледноКога Гвардиола ќе почне да се глупира а потоа ќе се извинува! (ВИДЕО)