Челзи по секоја цена сака да ја добие битката за едно од најпријатните изненадувања на светското првенство во Катар, аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез. Според информација на релевантниот португалски весник “Рекорд“, лондончани сакаат да го купат Фернандез од Бенфика уште оваа зима, иако се подготвени да го добијат фудбалерот дури на лето.
„Рекорд“ пишува дека „сините“ понудиле сума од околу 130 милиони евра за 21-годишниот играч од средниот ред. Претседателот на Бенфика, Руи Коста, деновиве по неговото враќање од Катар имал средба со фудбалерот на која го убедлувал да остане во тимот. Бенфика не сака да го загуби Фернандез во текот на актуелната сезона и затоа и Руи Коста верува дека тој ќе остане барем до јуни.
Оваа сезона Аргентинецот забележа 24 настапи за Бенфика во сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 4 асистенции.