Шахтјор ја одби понудата од 65 милиони евра од Арсенал за Мудрик

278

Иако пред неколку дена стана јасно дека Арсенал и Мудрик постигнале личен договор за трансер, украински Шахтјор ја одбил првата понуда на лондонскиот клуб за трансфер на играчот од средниот ред.

Според ЕСПН англискиот клуб понудил 65 милиони евра за 21-годишниот Михајло МУдик од кои 40 милиони веднаш, а останатите 25 милиони на рати.

Шахтјор не сакал да разговара за ваков начин на исплата, но исто така ниту за вкупната цена која „топчиите“ ја нудат. Клубот продолжува да инсистира на сума од 100 милиони евра за Мудрик.

Арсенал е единствениот тим кој доставил официјална понуда до украинскиот клуб, а преговорите меѓу двете страни се во тек.

ПретходноСтојан Илиев во вториот дел од сезоната во дресот на израелски Хапоел Кфар Саба
СледноКакво „тролање“ на ФФМ за Наумче, го патосираа со моќно видео (ВИДЕО)