Шифрин победи во Земеринг и стигна до 79-тата победа во кариерата

137

Најдобрите скијачки на светот го одработија вториот велеслалом во два дена во австрискиот Земеринг. И на двете возења триумфираше Микаела Шифрин, а денешната победа и беше 79. во кариерата со што е се поблиску до првите две на вечната листа Линдзи Вон со 82 триумфи и Ингемар Стенмарк со 86 победи во СК.
Денеска Микаела имаше време од 2:03.51, подиумот го комплетираа Лара Гут Бехрами од Швајцарија и Марта Басино од Италија.
Утре во Земеринг скијачките ќе го комплетираат спустот, а потоа се селат во Загреб каде на 4 и 5 јануари ќе возат слалом.

ПретходноНа Јувентус не му се заканува исфрлање во Серија Б!
СледноБриж, кој направи сензација во ЛШ, го отпушти тренерот