Абдула и Абази ќе го засилат Гостивар

1754

Џелил Абдула и Рајан Абази ќе бидат следните два нови играчи на тимот на Гостивар. Во обидот што повеќе да се засили, второлигашот доведува искусен дефанзивец и тоа не од било каде туку од Шкупи, и играч кој досега беше дел од скопска Локомотива.

Спортмедиа дознава дека Шкупи и Абдула дефинитивно зимава се разделуваат, а Гостивар тоа ќе го искористи. Абдула настапуваше долго време и за Шкендија и за Ренова.

Од друга страна пак, Абази исто така беше дел едно време од Шкупи, но и од Работнички, како и од тимот на Беса.

 

ПретходноМукаетов: Овие 20 горди Македонци секогаш даваа се од себе бранејќи ги боите на државата!
СледноБајчетиќ го „откачи“ Пикси и ќе игра за Шпанија