Даниеле Орсато е прогласен за најдобар судија на СП во Катар!

122

Ете, го дознавме добитникот на последното признание од СП во Катар кое заврши пред десет дена. Имено за најдобар судија на Мундијалот во Катар прогласен е Даниеле Орсато од Италија. Судија кој важи за еден од најдобрите во Европа и во светот, а најдобар со години во својата земја.

Орсато на Мундијалот во Катар судеше на три меча. Првиот беше оној на отворањето меѓу Катар и Еквадор, потоа ја делеше правдата на мечот меѓу Аргентина и Мексико, исто така во групната фаза, додека третиот и последен му беше оној меѓу Аргентина и Хрватска кога новиот светски првак ги растури Хрватите со 3:0 во полуфиналето.

ПретходноСветнаа рефлекторите на ФФМ! (ВИДЕО)
СледноНа Јувентус не му се заканува исфрлање во Серија Б!