Дејан Кулушевски е прогласен за најдобар фудбалер во Шведска за 2022 година.
Од јануари, 22-годишниот крилен напаѓач на Јувентус настапува за Тотенхем како позајмен до јуни 2023 година.
„Цела оваа година беше неверојатна. Отидов во Тотенхем и си го вратив животот“, изјави Кулушевски за добиеното признание.
Кулушевски во изминатата година одигра 7 натпревари за шведската репрезентација во квалификациите за Лигата на нации и СП 2022, при што постигна 1 гол и 3 асистенции.
На 10 натпревари во Премиер лигата оваа сезона има 1 гол и 5 асистенции.