Кадетите ја победија Холандија и се пласираа во полуфиналето на „Шпаркасен Купот“

142

Нашата кадетска ракометна селекција успеа да се пласира во полуфиналето на „Шпаркасен Купот“ кој се игра во германскиот град Мерциг. По поразот претпладнево од Германија, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ попладнево одиграа одлично против своите врсници од Холандија и успеаја да славата со резултат 27:21. Па така со овој триумф селекцијата на Македонија се најде во полуфиналето на овој силен турнир.

Најефикасен на мечот беше Калајџиоски со 11 голови, а по четири голови постигнаа Белистојановски, Субашевски и Узунчев.

Македонија групната фаза ја заврши на второто место со две победи и еден пораз, пред нас е само Германија која ги доби сите три натпревари.

ПретходноКога фановите ќе го изнервираат Меси! (ВИДЕО)
СледноДоделени првите УЕФА Ц дипломи! (ФОТО)