Дочека Македонската фудбалска репрезентација, која во еден момент беше прогласена за светско чудо с елиминацијата на Италија во домашни услови да биде деградирана и омаловажувана поради сопствените успеси.
Некој се прави „при очи слеп“ и „при уши глув“. Некој сака намерно да го минимизира историскиот успех на фудбалската репрезентација на Македонија, која што во баражот за пласман на Мундијалот во Катар најпрв ја елиминира Италија, а потоа беше на половина час од елиминација на Португалија во финалето и пласманот на големиот турнир. Е тој некој е Агенцијата за Спорт и Млади која на вчерашната церемонија на прогласување на спортист на годината на нашата земја, не најде за сходно ниту да ја спомне фудбалската репрезентација и ФФМ, а не пак да им додели заслужени признанија. Зошто? Одговор ќе мора да даде директорот Наумче Мојсовски.
Од друга страна, ФФМ и репрезентативците многу добро знаат што направија, како впрочем и целито свет (свен Наумче), па утринава „фудбалерите“ решија прописно да ја „истролаат“ агенцијата за своите нелогични одлуки, и со моќно видео од голот на Александар Трајковски во Палермо, да ги потсетат што значи да се биде на чекор до најголемиот светски спортски настан. Фудбалски Мундијал.