Како стојат работите во моментов во таборот на Работнички очигледно дека и Марио Станковски повеќе нема да биде дел од својот матичен клуб. Откако не е повеќе прва опција на тренерот Милан Илиевски за напаѓачката позиција, Станковски ја нема посакуваната минутажа, па нормално е што е незадоволен од моменталниот статус.
Токму затоа, еден од капитените на Работнички, зимава најверојатно ќе си замине од Дебар Маало и ќе ја продолжи кариерата во друг клуб. Очигледнод дека за „детето“ на Работнички нема повеќе место во клубот во кој мина огромен дел од својата досегашна кариера, и ќе биде донесен друг напаѓач.
Станковски има во моментов 23. години, а пред себе има понуди како од домашниот шампионат, така и од странство. За што ќе се одлучи, ќе дознаеме во периодот кој следува, но едно е сигурно дека Станковски на пролет нема да го носи дресот на Работнички.