Мукаетов: Овие 20 горди Македонци секогаш даваа се од себе бранејќи ги боите на државата!

826

Спортската 2023 година во Македонија ќе почне со голем настан. Во СЦ „Борис Трајковски“ на 3 јануари ќе се одржи голем настан, РФМ ќе организира хуманитарен настан, а на истиот ќе настапат на едната страна некогашните репрезентативни легенди, додека на другата страна ќе биде сегашните репрезентативци.

Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов најави дека за овој настан ќе бидат собрани околу еден милион денари, а истите ќе бидат донирани во СОС Детско село.

„Јас еве веќе влегувам во десеттата година од мојот мандат, кога почнував голем дел од овие играчи беа во зенитот на своите кариери. Денеска веќе не се активни, но овие генерации кои сега доаѓаат учеа од нив, а за мене како претседател на РФМ претставува голема чест да се биде дел од овој настан, во чест на овие 20 горди Македонци кои секогаш даваа се од себе бранејќи ги боите на државата. Тие заслужуваат уште повеќе, најразлични ситуации и ковид-пандемијата спречија и порано да има ваков собир, целосно сме насочени за што подобро издание. Благодарност до спонзорите кои ќе дадат дополнителни средства за СОС Детското Село, се надевам дека ќе стигнеме до сума од околу еден милион евра која ќе биде донирана онаму кад што е најпотребна.

До сега околу 4500 билети се продадени има уште 1500 се надевам дека салата ќе буде полна. Ви посакувам среќни празници, да им посакаме среќа на нашите репрезентативци“, изјави Мукаетов на денешната прес-конференција.

ПретходноСтоле нема да дојде во Краков: Тешко ми е да ги гледам мечевите на кои не играм!
СледноАбдула и Абази ќе го засилат Гостивар