На Јувентус не му се заканува исфрлање во Серија Б!

226

Еден од најголемите европски клубови, најтрофеен во Италија, секако дека тоа е Јувентус, е под истрага и тоа поради финансиски малверзации. Пред еден месец поради истрагата целото раководство на клубот на чело со Андреа Ањели си замина од клубот. Секако дека ќе има санкции, но тие веројатно ќе бидат одземање на бодови или најверојатно само парични санкции.

Луиџи де Фики, поранешен јавен обвинител за медиумите во Италија истакна:

Јасно е дека Јувентус се соочува со казна, тука нема дилеми, но од тоа што јас успеав да прочитам клубот ќе биде казнет бодовно или само парично. Нема шанси да биде исфрлен во Серија Б. Имено еден од оснивните критериуми за исфрлање во понизок ранг е тоа да делото да има влијание врез разултатите на самиот терен. Од ова обвинението се гледа дека такво нешто нема“ посочи Де Фики.

ПретходноДаниеле Орсато е прогласен за најдобар судија на СП во Катар!
СледноШифрин победи во Земеринг и стигна до 79-тата победа во кариерата