ПСЖ вечерва со многу мака успеа да ги освои трите бода во мечот против Стразбур во рамките на 16.коло на француската Лига 1. „Светците“ славеа со 2:1, а победничкиот погодок го постигна Килијан Мбапе во 95. минута од пенал.
Инаку ПСЖ, кој беше домаќин, поведе во 14. минута кога Нејмар центрираше од прекин, а Маркињос погоди. На почетокот на второто полувреме Стразбур изедначи на 1:1. Топката дојде до Томасон кој проба да ја врати на петерецот, а топката го закачи Маркињос и го измами Донарума па заврши во мрежата за 1:1.
Три минути подоцна Мбапе се најде сам пред голманот на гостите но не успеа да го совлада. А во 63 минута Нејмар во само три минути доби два жолти картони и беше исклучен, но ПСЖ и покрај дефицитот стигна до победа во последните секунди.