Столе нема да дојде во Краков: Тешко ми е да ги гледам мечевите на кои не играм!

444

Во време на подготовки за настап на Светското првенство во Шведска и Полска, нашата ракометна федерација подготовува голем настан, а тоа е мечот на деценијата, со кој ќе им оддаде почит на сите оние кои долго време го носеа репрезентативниот дрес.

На прес-конференцијата од тимот на легендите беше Стојанче Стоилов, кој по заверениот пласман токму на овој Мундијал одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Големиот борец уште еднаш потврди дека за повлекувањето долго време размислувал и дека нема биде во Краков, но ракометарите ќе ја имаат неговата поддршка.

„Не беше избрзано, одлуката не беше донесена од никаде, ова беше тема за која размислував долго време. Тешко ми е кога ги гледам мечевите на кои не сум требало да играм. Нема да одам во Краков, не сакам да бидам присутен, но ракометарите ќе ја имаат мојата поддршка“, изјави Стоилов. 

 

ПретходноСтоилов: Одлична можност да им се оддаде почит на генерацијата која твореше и генерација која е нова!
СледноМукаетов: Овие 20 горди Македонци секогаш даваа се од себе бранејќи ги боите на државата!