Три моќни компании ја полнат касата на МЗТ Скопје Аеродром!

5510

Со стартот на новата 2023 година се очекуваат и подобри ветришта во таборот на македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром. Според најавите и она што го дознава СПОРТМЕДИА, три моќни спонзори влегуваат во клубот од Аеродром и со нивните спонзорства клубот треба да застане на цврсти нозе, да осигура добар годишен буџет, а со тоа и да се добие основа за уште посилен тим кој ќе атакува на двете круни во домашниот шампионат и опстанокот во АБА лигата.

Како што дознаваме станува збор за компании кои имаат голем рејтинг и углед во земјава и регионот. Станува збор за телекомуникациски оператор, градежна фирма и компанија од банкарскиот сектор.

Во првите денови од новата 2023 година се очекува промоцијата на новите спонзори но и отчетот на раководството за сработеното во изминатата 2022 година, која е успешна и според очекувањата. Воедно се треба да се објави и толкуочекуваната резизија за работата на клубот од минатото раководство, кога јавноста ќе ги дознае посакуваните моменти од тоа како се трошеле милионските суми.

Денеска во МЗТ Скопје Аеродром со работа почна новиот тренер Драган Николиќ, екипата вчера го доби дербито со Пелистер во Битола, а утре се лета за Загреб каде во четврток е дуелот со Цибона во АБА лигата.

Доаѓаат подобри и постабилни денови за МЗТ Скопје Аеродром и „Фемили“…

 

 

 

ПретходноБајчетиќ го „откачи“ Пикси и ќе игра за Шпанија
СледноПораз од Германија на „Шпаркасен купот“