Шкендија и Максимов си кажаа – ДА, следува потписот!

2471

Како што дознава “Спортмедиа“ и дефинитивно има договор меѓу Шкендија и Методи Максимов, фудбалерот на Работнички и еден од нашите најдобра млади играчи и младински репрезентативец на Македонија. Имено нашите информации велат дека се било договорено, останува само потописот кој веројатно во текот на денешниот ден би требало да се случи.

Секако дека Работнички со трансферот на Максимов во Шкендија ќе заработи добри пари за наши услови, пред извесно време се споменуваше сума од 100.000 евра како отштета, но дали сумата е таа или некоја друга, тоа го знаат само челниците на Шкендија и Работнички.

Да кажеме дека во изминатите денови на адреса на Максимов имало понуда и од Левски Софија, но се чини дека Шкендија била побрза и подарежлива во однос на ово трансфер.

ПретходноАдидас го претстави дресот на Италија, критиките се ужасни
СледноРакометарите минимално поразени од Црна Гора на вториот „тест“