Лука Дончиќ уште еднаш ја воодушеви кошаркарската, постигна 60 поени, додаде 20 скока и десет асистенции и го одигра својот животен натпревар во триумфот на Далс против Њујорк 126:121.
Партијата на Словенецот предизвика многу реакции во спортската јавност, а се огласи и првотимецот на Реал, Тони Крос.
Крос е вљубеник во кошарката, често ги следи натпреварите во НБА, а на оригинален начин ја коментираше играта на Словенецот.
60-21-10 😱😱😱 @luka7doncic
— Toni Kroos (@ToniKroos) December 28, 2022
На прашањето како се чувствува откако постигна 60 поени, Дончиќ кратко одговори.
„Многу сум уморен, ми треба пиво за да се опоравам“, изјави Дончиќ.