Некогаш и еуфоријата, преголемата радост па и преголемото внимание знае да ти
збоктиса, народски кажано. Тоа вчера му се случи на Лео Меси кога тој заедно со своето семејство се најде во автомобилот кој беше опкружен од стотина фанови кои едноставно не даваа барем малку да се помрдне. На почетокот Лео тоа го гледаше со симпатии, но како што одминуваше времето се повеќе му пречеше, а во еден момент не ја сокри и својата нервоза.
Сето ова се случуваше при влез во еден ресторан на една семејна прослава во Росарио. Очигледно е дека и Лео сфатил дека до крајот на својот живот вакви сцени го очекуваат во Аргентина, па тешко дека по завршувањето на фудбалската кариера ќе се врати да живее во својот роден град Росарио.
Барселона му е подобра опција.
Lionel Messi and his family in Rosario surrounded by fans. pic.twitter.com/KeTJi2emFk
— Roy Nemer (@RoyNemer) December 28, 2022