Крихмаер победник на спустот во Бормио!

79

Винсент Крихмаер е победник на спустот во Бормио како дел од СК во алпско скијање. Австриецот беше најбрз со време 1:54.48 минута и беше побрз од Џејмс Крофорд од Канада за само 40 стоти делови од секундата, додека на трето место се најде Александар Омот Килде од Норвешка.

Од друга страна водечкиот во генералниот пласман, Марко Одермат од Швајцарија заврши на четвртата позиција.

Во секој случај како што и налага традицијата, и овојпат можеше да се проследи спектакуларно спуст натпреварување на легендарната патека во италијанскиот спортски центар Бормио.

Image

ПретходноПораз од Германија на „Шпаркасен купот“
СледноИ официјално: Леонардо Дутра Фереира го засили Вардар