Лисандро Мартинез пропушти свадба само побрзо да се врати во Јунајтед!

199

Дефанзивецот на светскиот првак, на селекцијата на Аргентина откако ги слушна критиките на својот клупски тренер Ерик тен Хаг одлучи веднаш да се врати во Англија. Поточно да го прекине славењето и да ја откаже поканата за свадбата на неговиот соиграч од репрезентацијата Николас Таљалафико и да започне со тренинзи во Манчестер Јунајтед.

Да потсетиме дека Мартинез како и останатите негови сонародници повеќе од недела дена го славеа триумфот во Катар, што наиде на критики кај Тен Хаг кој побара од него што побргу да се врати во клубот, што Лисандро Мартинез го стори и со тоа ја пропушти свадбената веселба на неговиот голем пријател Таљалафико.

ПретходноДоделени првите УЕФА Ц дипломи! (ФОТО)
СледноМонако со триумф на гости кај Оксер! (ВИДЕО)