Стојан Илиев во вториот дел од сезоната во дресот на израелски Хапоел Кфар Саба

574

По една полусезона помината во дресот на македонскиот шампион Струмица Никоб, младиот макеоднски одбојкарски репрезентативец Стојан Илиев се пресели во Израел. По завршувањето на првиот дел од сезоната, Илиев повторно замина во странство, каде во наредните 6 месеци ќе биде член на израелскиот прволигаш Хапоел Кфар Саба.

Нашиот репрезентативен примач заминува во тим кој по 9 кола во израелската Премиерлига се наоѓа на 7. место на табелата со само 3 победи. Со доаѓањето на Илиев, Израелците с енадеваат дека во продолжението од сезоната ќе успеат да се изборат за место во разигрувањето.

За Илиев ова е четврти клуб во кој игра надвор од нашите граници. Претходно го носеше дресот на Мурса Осијек во Хрватска, а настапуваше и за романски Залау и екипата на Каламата во Грција.

ПретходноДејан Кулушевски е најдобриот фудбалер на Шведска за 2022 година
СледноШахтјор ја одби понудата од 65 милиони евра од Арсенал за Мудрик