Ангажираа 23 фудбалери оваа сезона, а тренерот сака уште нови играчи!

280

Бразилецот Густаво Скарпа стана 23-тото засилување за Нотингем Форест оваа сезона, а тренерот Стив Купер вели дека клубот мора да ангажира уште нови фудбалери за да си ја подобри позицијата во англиското првенство. Форест е претпоследен на табелата пред „фенерџијата“ Саутемптон.

Нашата прва идеја кога носиме нови играчи е тие да го подобрат стартниот состав. Но, можеби треба да размислуваме и за длабочината, бидејќи имаме повреди на некои позиции“, изјави Купер.

Сепак, новите засилувања мора да бидат подготвени да стапнат на теренот и да направат разлика. Пред паузата ни беше добро, но се уште сме далеку од она што сакаме да го покажеме. Сакаме да играме подобар фудбал и тоа да биде можно , ќе мора да промениме некои работи во тимот. Имам добри односи со управата и верувам дека ќе го направат тоа што мислат дека е најдобро“.

Скарпа беше договорен пред неколку недели, а тој доаѓа од Палмеирас како слободен играч. Инакуј тој тренира со тимот но нема право да настапи пред 1 јануари.

ПретходноТомовски: Веруваме во нас, но не треба да „летаме во облаци“!
СледноВетераните се собраа, нека му ја „мислат“ младите (ФОТО)