Како што вечерва и официјално објавија на социјалните мрежи од страна на второлигашот од Радовиш, Иван Варадиновски е новиот тренер на тимот на Детонит Плачковица, па така тој ќе го наследи Горан Здравков кој по успешната есенска полусезона доби понуда и истата ја прифати од страна на Брегалница Штип.
Во комбинација за наследник на Здравков имаше неколку познати имиња, но раководството на Детонит Плачковица се одлучи да му даде шанса на Иван Варадиновски.