Какво понижување: ПСЖ нема намера да му го продолжи договорот на Серхио Рамос!

528

Беше капитен на Реал Мадрид, со “кралевите“ и со репрезентацијата на Шпанија освои буквално се што можеше да се освои, а сега во ПСЖ ја „тера“ втората сезона и се чини последна. Имено според медиумите во Франција, раководството на ПСЖ нема намера да му го продолжи договорот на својот дефанзивец кој му истекува во јуни. Се чини дека “светците“ и не се премногу задоволни од тоа што го пружа ветеранот, па и поради тоа не доставиле понуда до неговите менаџери за продолжување на договорот.

Ова значи дека Рамос во јуни, по завршување на тековната сезона ќе мора да си побара нова средина.

ПретходноУЕФА со порака до Русија: И да одите во Азија ништо нема да се промени!
СледноМарко Ѓорѓиевски е нов напаѓач на Силекс