Најдобриот играч во историјата, напаѓачот кој го маѓепса светот со своите голови, дриблинзи и титули останува единствениот кој го освоил Светското првенство како играч дури трипати (1958, 1962 и 1970 година).
Стана најдобриот играч на сите времиња, но дали тоа значи дека беше и најбогат? Одговорот е – не!
Пеле играше професионално за само два клуба во својата кариера: Сантос, од 1956 до 1974 година и Њујорк Космос од САД, од 1975 до 1977 година. Во 1961 година беше откриено колку „кралот“ заработил во тоа време, сума од околу 70.000 бразилски реали во денешна против вредност, која изнесува само околу 13.000 евра.
Сепак, на врвот на неговата кариера во 1960-тите, платата на Пеле варираше и можеше да достигне и до 100.000 реали. Кога заминал во Њујорк Космос, во 1975 година, било објавено дека Пеле потпишал договор со кој заработувал 2,5 милиони американски долари годишно. Во вредностите ажурирани со американската инфлација, ова денес е еквивалентно на 10,9 милиони долари. Според магазинот „Форбс“финансиските аналитичари пресметале дека доколку Пеле играл во Европа денес би добивал околу 223 милиони долари годишно, а неговата вредност на пазарот би била околу 300 милиони долари.