Во првиот меч од рестартот на Ла Лига, вечерва Џирона и Рајо Ваљекано одиграа 2:2 во интересен меч. Веднаш да кажеме дека нашиот Столе Димитриевски имаше солидна партија на голот на Рајо, прими два гола, но и двата од пенал.
Рајо уште во 2.миута ги донесе гостите во водство. Во 34.минута Кастељанос од пенал го совлада Столе за 1:1. Рајо во 62.минута преку Палазон одново поведе, сега со 1:2, но во 75.минута Саиз повторно од пенал го совлада Македонецот за конечни 2:2.
Да кажеме дека во 89.минута Димитриевски со прекрасна одбрана го спаси својот тим од пораз.
Во 90+6 минута Џирона постигна гол за победа, но истиот беше поништен поради офсајд.