Утринава ударна вест во дел од спортските медиуми во Турција е фактот дека Фенербахче има намера да донесе одлука да го раскине договорот со Езџјан Алиоски, односно да ја раскине позајмицата и нашиот репрезентативец да го врати во Ал Ахли, во С. Арабија од каде летово популарниот Џани дојде во турскиот гигант.
Ова е шоканта вест ако се знае дека во последно време во неколку наврати се истакнуваше дека сите во клубот се задоволни од Алиоски и дека тој ќе остане во Фенербахче.
Сепак не било така.
Интересно, и Трабзонспор има намера да го раскине договорот со Енис Барди. Се чини дека и на двајцата наши репрезентативци немаа среќа во Турција.