Беше капитен на Реал Мадрид, со “кралевите“ и со репрезентацијата на Шпанија освои буквално се што можеше да се освои, а сега во ПСЖ ја „тера“ втората сезона и се чини последна. Имено според медиумите во Франција, раководството на ПСЖ нема намера да му го продолжи договорот на својот дефанзивец кој му истекува во јуни. Се чини дека “светците“ и не се премногу задоволни од тоа што го пружа ветеранот, па и поради тоа не доставиле понуда до неговите менаџери за продолжување на договорот.
Ова значи дека Рамос во јуни, по завршување на тековната сезона ќе мора да си побара нова средина.