Синоќа Манчестер Сити, во првиот меч од рестартот на сезоната во Премиерлигата, на гости кај Лидс успеа со 1:3 да слави убедлива победа. Сепак не беше се така „мазно“ според замислите на стратегот на “граѓаните“ Пеп Гвардиола кој секогаш сака неговиот тим да игра перфектно, па затоа во еден момент на нервоза шутна едно шише кое беше покрај неговата клупа кое потоа заврши на онаа на Лидс. Кога сфати Пеп што направи веднаш истрча кај клупата на домашните да се извинува.
Во секој случај беше интересно да се види.
— EuroFoot (@eurofootcom) December 28, 2022