Синоќа по мечот меѓу ПСЖ и Стразбур, на кој Килијан Мбапе со гол во самиот финиш му донесе победа на тимот од Париз, најдобриот стрелец на СП во Катар говореше за Лео Меси и Емилијано Мартинез за се она на прославите на Аргентина во Буенос Аирес откако ја освоија титулата, токму со победата над Франција.
Да потсетиме голманот на Аргентина во неколку наврати со неумесни реакции го омаловажуваше Мбапе, а се забележа дека Меси воопшто не реагираше да го заштити својот клупски соиграч:
“Тоа не е мој проблем. Не трошам енергија на такви тривијални работи. Ќе чекам Меси да се врати за да продолжиме да заедно постигнуваме голови и победуваме. Разговарав со него и му честитав. Титулата светски првак беше животна цел за него, беше и за мене, но јас не успеав во Катар. Најважно е секогаш да останеш добар играч“ истакна Мбапе.
🚨🗣️ Kylian Mbappé 🇫🇷 sur les célébrations d’Emiliano Martinez 🇦🇷 :
« Les célébrations, c’est pas mon problème. Je ne perds pas d’énergie dans des choses aussi futiles. Le plus important pour moi c’est de donner le meilleur de moi-même pour mon club. »
— Actualité PSG FR (@ActualitePSGFR) December 29, 2022