Швајцарскиот скијач Марко Одермат е победник на супервелеслаломот од Светскиот куп возен на легендарната патека „Стелвио“ во Бормио.
Одермат победи со 64 стотинки предност пред Австриецот Винсент Крихмаер, кој ден претходно славеше на спусот на истата патека. Третото место му припадна на сонародникот на Одермат, Лоик Мелард, кој заостана 1,22 секунди зад победникот.
За Одермат ова беше петта победа сезонава, 16-та во кариерата и шеста во супервелеслалом. Во генералниот пласман цврсто ја држи лидерската позиција во Светскиот куп со 946 бодови, 329 повеќе од второпласираниот Норвежанец Александар Омод Килде, кој денеска во Бормио беше осми.