Рекордите на „кралот“: 1282 гола, осум гола на еден меч, четири гола со глава на иста средба…

202

Слабото момче кое имаше само 15 години, но веќе доминираше со топката, ја нападна областа на противникот и успеа да го постигне шестиот гол за Сантос на пријателскиот натпревар против Коринтијанс де Санто Андре. Голманот кој го прими овој гол немаше ни на крај на паметот дека ова ќе биде историја, а и тој штотуку учествуваше во историски момент.

Залуар Торес Родригес, од тој гол, па до денеска сите го знаат како „голманот кој го прими првиот гол на Пеле“.

Меѓу тој натпревар и дуелот со Васко де Гама 13 години подоцна на „Маракана“, Пеле постигна уште 998 гола. Андрада, голманот кој нас тој историски 19 ноември го виде фудбалерот со бројот 10 како ја мести топката на белата точка, знаеше дека се соочува со незаборавен потег – и направи се за да го избегне. Неуспешно. Пеле погоди за својот незаборавен 1000-ти гол во кариерата, по што новинарите и навивачите го нападнаа на теренот за да го забележат илјадитиот гол на „кралот“, подвиг што никогаш не се повтори.

Подвизите на Пеле во меѓувреме беа многу: тој беше најдобар стрелец на „Паулиста“ девет последователни првенства (во 1958 година, тој постигна импресивни 58 гола) Постигна осум гола на натпревар против Ботафого на меч кој заврши 11-0 во 1964 година; освои плакета за победата на Сантос над Флуминенсе со 3-1 во Рио во 1961 година; го постигна најубавиот гол во кариерата, кој го видоа само оние кои беа на тесниот мал стадион на Јувентус, бидејќи до денес не се пронајдени видео записи за потегот во кој Пеле минува покрај четири противничките играчи пред да го матира и голманот и со глава да погоди ефектно во мрежата на противникот. По сеќавања е направена компјутерска симулација од тој погодок.

Сè што му требаше беше да го надмине својот татко, Дондињо, кој постигнал пет гола со глава на еден натпревар, но Пеле успеа само четири. По ноќта во која им го посвети илјадитиот гол на децата на Бразил, Пеле ги држеше нозе ости и постигна уште 281 гол до 1977 година, кога засекогаш ги напушти терените во дресот на американски Космос од Њујорк.

Претходно„Ќе го освојам светското првенство за да ги запрам солзите на татко ми“
СледноКолку „тежеше“ Пеле? Играше за 13.000 евра, денеска би заработувал 223 милиони долари годишно