Додека на големо се зборува за трансферите на голманот Емилијано Мартинез или играчот за врска Енцо Фернандез, кој е прогласен за најдобар млад фудбалер на Мундијалот во Катар, друг аргентински фудбалер е пред трансфер во силен клуб.
Се работи за корисниот играч за врска Алексис Мекалистер кој настапува за Брајтон. И покрај интересот на неколку англиски клубови, сепак, 24-годишниот играч одбрал да игра во Серија А, поточно за славниот Јувентус.
„Газета дело Спорт“ открива дека Јувентус бара замена за Адриен Рабио чиј договор истекува на лето и тој ќе го напушти Торино. И Вестон Мекени се очекува да замине, па една од тие дупки во средниот ред ќе ги пополни Мекалистер.
Аргентинецот исто така сака да игра за Јувентус што е уште еден позитивен чекор за Италијанците. Е сега дали ќе се договорат со Брајтон околу отштетата…